Мајка си го заборавила бебето на аеродром, авионот морал да се врати

Авионот на една саудиска компанија бил приморан да се врати на аеродромот кратко по полетувањето од Куала Лумпур, бидејќи една од патничките се сетила дека си го заборавила бебето во чекалната.

Локалните медиуми објавија и снимка на која јасно се слуша гласот на пилотот додека бара дозвола од контролата на летање да се врати на аеродромот во Џеда.

„Нека Бог е со нас. Можеме ли да се вратиме или што понатаму да правиме? Патничка го заборавила своето бебе во чекалната“, се слуша пилотот на снимката. Првично контролорот се посомневал во тоа што го слушнал, па побарал пилотот да го потврди барањето. Пилотот повторил, додавајќи дека патничката одбива да го продолжи патувањето без своето бебе.

„Добро, вратете се на терминалот. Ова е потполно нова ситуација за нас“, рекол контролорот на летот, дозволувајќи авионот да слета назад на меѓународниот аеродром „Крал Абдул Азиз“.

Патниците од летот за случката објавија и на друштвените мрежи. Дел од корисниците имале пофални коментари за пилотот, но останатите главно ја напаѓале или се расправале околу неодговорната мајка.

- Реклама -