Американскиот медиум „Си-ен-ен“ ја истакнува Северна Македонија како европска туристичка дестинација која често останува во сенка на познатите туристички центри. Во последното издание на туристичкиот билтен на „Си-ен-ен Травел“, Македонија е опишана како „драматична планинска дестинација“, со природни убавини што ги комбинираат зелените долини со снежните врвови.




