Кинескиот претседател Си Џинпинг укажа на потребата за „нормален сообраќај“ низ Ормутскиот теснец, потенцирајќи ја клучната улога на оваа морска рута за глобалната економија. Оваа изјава беше дадена за време на телефонскиот разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. Во меѓувреме, се најавува средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Си Џинпинг во Кина, планирана за мај, откако претходно закажаното патување беше одложено поради конфликтот помеѓу САД, Израел и Иран.




