Еве неколку клучни работи кои ќе ви помогнат речиси секој ден сексот да ви биде онаков каков што сте сонувале.
За почеток, немојте да брзате, опуштете се. Доколку не ви е претерано забавно, веројатно не му е ни на партнерот, па зошто да не вклучите и некои мали игри кои со сигурност ќе ве задоволат и насмеат. Заборавете на рутината, пробајте нешто ново, па макар и да не ви се допадне, важно е да експериментирате.
Работите кои не ви се допаѓаат во сексот немојте да ги задржувате за себе, споделете ги со партнерот и иницирајте на промени. Неколку свеќи, нов долен веш, лисици на креветот… Сето ова може да придонесе до нова енергија во креветот.
Опуштеноста е најважен елемент за добар секс, затоа, немојте да форсирате и да си наметнувате цели кои не можете да ги достигнете. Првата цел треба да биде двајцата да уживате, а после тоа можете да започнете и со дополнителните детали.
За крај, оргазмот е нешто што на овој начин може да се контролира. Искористете го времето, истражете го телото и јасно кажете му на партнерот за она што ви се допаѓа, а што не. После ваквите сеанси, вашите оргазми ќе бидат почести и посилни.