Шпанскиот премиер Педро Санчез реагираше на информациите дека САД разгледуваат можни мерки против сојузници во НАТО кои не го поддржаа американско-израелскиот конфликт со Иран. Според извори, во интерен документ од Пентагон се спомнува опцијата САД да ја суспендираат Шпанија од воениот сојуз, иако таков чекор не е предвиден во основниот договор на НАТО.
Санчез не сакаше директно да ја коментира оваа информација, но на самитот на Европската Унија кој се одржа на Кипар, изјави: „Ние не комуницираме преку мејлови. Работиме со официјални документи и официјални ставови, во случајов од Владата на Соединетите Американски Држави.“ Тој нагласи дека ставот на Шпанија е јасен, изразувајќи целосна поддршка за сојузниците, но секогаш во рамките на меѓународното право.




