Шпанија категорично ги отфрли обвиненијата од Белата куќа за соработка со американската војска.

Белата куќа денеска објави дека Шпанија наводно се согласила на воена соработка со Соединетите Американски Држави во услови на ескалација на конфликтот со Иран, но шпанската влада веднаш ги отфрли овие тврдења. Соопштението од Вашингтон стигна еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Мадрид со целосен прекин на трговските односи, како што објави шпанската јавна телевизија РТВЕ.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, истакна пред новинарите дека „Шпанија во изминатите неколку часа се согласила на соработка со американската војска“, додавајќи дека шпанските власти „многу јасно ја слушнале пораката на претседателот“. Таа наведе и дека американската армија се координира со своите колеги во Шпанија.

Прочитајте и:  Ѓорѓиевски: Работиме со интензивно темпо на клучните инфраструктурни проекти за Скопје

Најновите тензии произлегоа откако Шпанија претходно одби да им дозволи на Соединетите Држави користење на своите воени бази за операции насочени против Иран. Реакцијата на Трамп следуваше со најавата за прекин на „сета трговија со Шпанија“. Сепак, шпанските власти категорично ги негираа наводите на Белата куќа за постигната воена соработка со американската армија.