Шпанија го освои златниот медал на Светското првенство во ватерполо

Шпанската ватерполо репрезентација го освои турнирот на Светското првенство во водени спортови што се одржа во Сингапур.

Во финалниот натпревар, попладнево, шпанскиот тим ја совлада унгарската репрезентација со резултат 15:13.

Ова е четврта победа на Шпанија на Светските првенства во историјата на овој спорт.

Слично на Шпанија, трофеи во исто толку изданија на Мундијалите имаат и Унгарија и Италија.

Во натпреварот за третото место, Грција ја победи Србија со 16:7.