Шпанија дава еден милион евра за Охридското Езеро

Шпанија дава еден милион евра за Охридското Езеро

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

За време на состанокот, Меџити го запознал амбасадорот Ортиз со главните приоритети на Владата и Министерството за животна средина, а исто така дискутирале и за начините на забрзување на интеграцијата на нашата држава во Европската Унија.

Меџити нагласи дека Северна Македонија и Шпанија негуваат три децении дипломатски односи, кои почиваат на меѓусебна почит и соработка на мултилатерално ниво. Тој ја истакна и заложбата на Шпанија за поширока европска интеграција, со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе придонесе за благосостојбата на граѓаните.

Во духот на билатералната соработка,Владата на Шпанија обезбеди грант во вредност од околу еден милион евра,наменет за техничка поддршка,вклучително и консултантски и инженерски услуги,за унапредување на системот за одведување и третман на отпадни води во Охридското Езеро. За оваа значајна поддршка, Меџити изрази благодарност до шпанската страна.