Шпанец за директор на РК Еурофарм Пелистер

Станува збор за Рубен Гарабаја Аренас, кој потпиша договор со РК Пелистер за следната сезона, со можност за продолжување на соработката во иднина, доколку двете страни бидат задоволни.

Со 46 години, Гарабаја има зад себе импресивна кариера, полна со медали и значајни ракометни успеси. Тој настапувал 168 пати за шпанската репрезентација, постигнувајќи 318 голови на позицијата кружен напаѓач.

Со националниот тим, освои светска титула во Тунис во 2005 година, сребрен медал на Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, како и бронзени медали на Олимписките игри во Пекинг 2008 и на Мундијалот во Шведска 2011 година.

Гарабаја доаѓа во Еурофарм Пелистер од Астурија, а својата тренерска кариера ја започна во Логроњо во 2018 година. По тоа, три години работеше со Натурхаус Ла Риоха, а потоа го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина.