Британскиот премиер Дејвид Камерон му честиташе лидерот на кампањата против независноста на Шкотска за, како што изјави, добро завршената работа.
Тој ја повика Велика Британија „да се обедини” по победата на противниците на отцепувањето, пренесоа светските агенции.
„Време е Британија да се обедини и да оди напред“, истакна Дејвид Камерон.
Тој им вети нови овластувања на четирите земји, дел од Велика Британија – Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Утрово шкотскиот премиер Алекс Салмонд призна дека мнозинството граѓани гласале против отцепувањето од Велика Британија.
Истото го направи пред BBC вицепремиерот и заменик-претседател на Шкотската национална партија Никола Стерџон.
„Со жалење треба да признаеме дека не го добивме мнозинството што го очекувавме”, додаде таа.
Од друга страна, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази олеснување од резултатот на референдумот во Шкотска.