Шкендија поведе, но на крајот убедливо загуби од Карабах

Фудбалерите на Шкендија доживеаја драстичен пораз од 5:1 на гостувањето кај Карабах, со што беа елиминирани од претставникот на Азербејџан со вкупен резултат 6:1. Овој натпревар беше реванш од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион започна добро, отворајќи го резултатот веќе во 10. минута преку голот на Фабрис Тамба. Но, домашниот тим брзо се врати во игра. Најпрво, Клисман Цаке постигна автогол во 16. минута, изедначувајќи на 1:1, а Кади две минути подоцна потврди водство од 2:1 за Карабах.

Тимот од Азербејџан потоа ја зголеми предноста со два брзи гола. Нармин Акундзаде постигна трет гол во 33. минута, а Марко Јанковиќ беше прецизен од пенал во 35. минута, поставувајќи го резултатот на 4:1. Конечните 5:1 ги комплетираше Леандро Андраде во 59. минута.

Прочитајте и:  Во Кремљ без часовник: нови правила за средби „лице в лице“ со Путин, наводно поради страв од атентат

По овој пораз и елиминацијата од Лигата на шампионите, Шкендија ќе продолжи во баражот за Лига Европа, каде ќе се соочи со поразениот од натпреварот помеѓу Ференцварош и Лудогорец.