Шекил О’Нил со посебен подарок за Никола Јокиќ: „Ти си шампион!“

Никола Јокиќ повторно блесна на теренот, остварувајќи уште еден трипл-дабл во победата на Денвер над Филаделфија (114:109). Српскиот центар забележа 27 поени, 13 скокови и 10 асистенции за само три четвртини, а по натпреварот доби специјално признание од легендарниот Шекил О’Нил.

Еден од најдобрите центри во историјата на НБА му приреди големо изненадување на Јокиќ, објавувајќи дека му испраќа „чемпионски појас“ во знак на почит.

„Како претседател на Здружението на центри, ти го подготвив овој појас. Ќе ти го испратам. Бејби, ова е за тебе, ти си шампион, најдобар центар во НБА. Те сакам и те ценам,“ му порача Шек.

Јокиќ со насмевка го прифати признанието: „Ти благодарам, Шек! Многу ми се допаѓа и го ценам ова.“

Со овој гест, Шекил О’Нил уште еднаш ја потврди доминацијата на Јокиќ како еден од најдобрите центри во модерната кошарка.

- Реклама -