Одлука за поранешната Печатница на Нова Македонија
Граѓанската иницијатива “Шанса за Центар” објави дека утре на Седницата на Советот на Општина Центар ќе биде разгледувана локацијата на поранешната Печатница на Нова Македонија. “Ова е проект каков што градот не запамтил, но општината, наместо да понуди ново решение, само со ‘корекции’ се труди да го ‘дотера’ постојното. Грешка е да се смета за проблем само една недостасувачка линија во планот, кога целиот концепт за развој на овој простор е спорен. Дали навистина во 2026 година сме принудени да почитуваме одлуки од 2012 година?”, прашуваат од иницијативата.
“Тимот на ТАЈФА ПЛАН го повикуваме да го објасни предложеното решение: Површината наменета за градба е 105.000 m², базирана на 5.200 m². Според правилникот за урбанистичко планирање, за таква површина со деловна намена се бараат 1.750 паркинг места, а тие може да се обезбедат единствено со десет подземни нивоа. Коефициентот на искористеност е k = 17, иако за осталите објекти во регионот тој е од 4 до 5. Пристапниот пат до влезот на гаражата е директно поврзан со старите згради, без можност за тротоар. Нели урбанистичкото планирање треба да ја гарантира заштитата на јавниот интерес?”, додаваат од “Шанса за Центар”.




