Во премиерниот натправар од 17. коло од Првата македонска кошаркарска лига, кошаркарите на Гостивар приредија огромно изненадување, совладувајќи го актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 60-55.
Гостиварци во овој натпревар влегоа со серија од четири порази, додека МЗТ Скопје имаше седум последователни победи.
Натпреварот започна со водство на МЗТ од 13-0, но Гостивар брзо се врати во игра и во втората четвртина постигна серија од 16-0 за водство од 29-21. Полувремето заврши со минимална предност за МЗТ (33-35), но третата четвртина беше катастрофална за шампионот, кој постигна само четири поени.
Во драматичната и неизвесна завршница, МЗТ успеа да го израмни резултатот на 53-53, но гостиварци на крајот излегоа како победник благодарение на клучните поени на Елис и добрата одбрана.
Најефикасен кај МЗТ беше Војдан Стојановски со 18 поени, додека домаќините го предводеше Дарко Соколов со 13 поени.
Ова е прва победа на КК Гостивар против МЗТ Скопје по две години.