Скопје, 14 март 2025 г. – Samsung Electronics соопшти дека слојот на квантни точки во нивните QD телевизори доби независна верификација за усогласеност со директивата за ограничување на опасни материи (RoHS) и потврда за отсуство на кадмиум од страна на глобалниот институт за сертификација Société Générale de Surveillance (SGS). SGS, компанија со седиште во Женева, Швајцарија, е водечки светски орган за тестирање и сертификација, кој обезбедува сигурност дека организациите ги исполнуваат строгите стандарди за квалитет и безбедност во различни индустриски сектори, вклучително електронски производи, храна и животна средина. Тоа што компанијата Samsung ги доби одобренијата од SGS за технологија без кадмиум во нивниот слој на квантни точки, како и усогласеност со RoHS директивата на ЕУ, им носи дополнителна доверба на потрошувачите за материјалите на нивните телевизори. „Нашите телевизори со технологија на квантни точки се дизајнирани со безбедна технологија која ги удовлетворува ограничувањата за опасни материи, притоа обезбедувајќи врвен квалитет на сликата,“ рече Таејонг Сон, извршен потпретседател за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Сертификатот од SGS сосема ја потврдува безбедноста на нашите производи. Со ова признание, остануваме посветени на продолжување на развојот на одржливи технологии за екрани. Иако технологијата без кадмиум не е новитет, сега со задоволство ја потврдуваме независната верификација.“ Samsung ја започна својата работа на квантните точки во 2001 година, а нивната постојана посветеност на научно-истражувачка работа и инвестирање ја издвои компанијата како водечки иноватор на глобалниот пазар на екрани. Во 2014 година, Samsung ја разви првата безкадмиумска технологија на квантни точки, по што следната година ги претстави своите телевизори базирани на оваа технологија. Оттогаш, компанијата го предводи секторот со непрестајни технолошки достигнувања. Особено важно е што Samsung успешно создаде нанокристални материјали без кадмиум и патентираше околу 150 изуми поврзани со оваа технологија. Со оваа широка експертиза и иновација, Samsung создаде ера на побезбедни телевизори со квантни точки, користејќи материјали што не содржат опасни компоненти.