На 7 и 8 мај 2026 година, Скопје ќе стане регионален центар за дискусии за едно од најзначајните современи предизвици – демографските промени. Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), организира Регионална министерска конференција посветена на справувањето со демографските промени и градењето на отпорност.



