Северина ужива во љубовта со Игор: Бакнежи на сите страни

Иако не настапуваше, хрватската пејачка Северина Вучковиќ не го пропушти Сплитскиот фестивал.
Жешките летни вечери ги зачини пејачката Северина која се одмара во родниот град. Заедно со дечкото Игор Којиќ и синот Александар уживаа во третата веечра на фестивалот во Сплит.

Screenshot_5

Познатиот пар го привлече вниманието од целиот регион, а тие повеќе не се кријат. Бакнежи имаше на сите страни, а малиот Александар еднакво уживаше во музиката и друштвото.

Screenshot_7

И додека се спекулира за можен брак и деца, очигледно е дека на Северина и одговара новиот млад дечко бидејќи изгледа подобро од било кога- а и насмевката не ја симнува од лицето.

Screenshot_6 Screenshot_8

Прочитајте и:  Три клучни знаци на нарцизам во врска кои не треба да ги игнорирате
- Реклама -