Шетаат заедно во лондонски парк

Шпекулациите за можната романса меѓу Том Круз и Ана де Армас стануваат се погласни и привлекуваат зголемено внимание од јавноста. Овие претпоставки дополнително се вжештија откако двојката беше забележана како шета низ Лондон за време на прославата на 37-миот роденден на Ана. Еден корисник на TikTok објави видео на кое се гледа како Круз и де Армас минуваат покрај неа. “Во Лондон си и се надеваш дека ќе го сретнеш Хари Стајлс, но за изненадување, го гледаш Том Круз,” напиша таа покрај видеото.

Круз, исто така, беше дел од гостите на роденденот на Дејвид Бекам во Лондон. Иако пристигна сам на забавата, се шпекулира дека де Армас била таму со него. На видео снимките се гледа како Круз ја напушта забавата, додека де Армас наводно се обидува да избегне внимание, засолнувајќи се зад чадори што ги држат телохранителите. Двојката претходно беше забележана заедно околу Денот на вљубените во лондонскиот Сохо, каде што беа видени на лежерна прошетка. Гласините повторно се потпалија средината на март кога беа видени на хелиодром во Лондон, а таму беше и режисерот Даг Лиман.

Интерсно е што Ана де Армас неодамна се поврзуваше и со Мануел Анида Куеста, посинокот на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез. Иако медиумите истражуваа за нивниот приватен живот, ниту Круз ниту де Армас досега не ги коментирале овие наводи за нивната романтична врска.