Познатиот шпански фудбалер Серхио Рамос (39) испрати официјална понуда до поранешниот клуб Севилја, стремејќи се, заедно со група соработници, да стане малцински сопственик на андалузискиот тим.
Ситуацијата околу продажбата на Севилја се комплицира и по последните информации од шпанските медиуми, приказната доби неочекуван пресврт.
Откако беше направена длабинска анализа на финансиската состојба на клубот, американските инвеститори значително ја намалиле нивната понуда за купување, а легендарниот дефанзивец Серхио Рамос сега се истакнува како потенцијален инвеститор.
Финансиската состојба на Севилја имала значајно влијание на одлуките на американските инвеститори. Наместо првично предложените 3.400 евра по акција, по деталните прегледи, решија да понудат максимум 2.700 евра по акција. Овој пресврт го враќа целиот процес на почеток.
Рамос веќе започна прелиминарни разговори за да добие детални информации околу ситуацијата и можностите за инвестиции во клубот, каде што ја започна својата впечатлива кариера и за кој одигра 87 натпревари во два наврати.
Иако подоцна стана икона на Реал Мадрид, Рамос веќе има искуство во инвестиции во фудбалски клубови и е еден од партнерите во клубот Сан Фернандо.
Фото/ depositphotos




