Апел за почитување на спокојството
Александра и Саманта Ивановски, мајката и сестрата на починатиот Стивен, упатија искрен повик до јавноста да престане со ширењето на објави и коментари поврзани со неговата смрт, особено оние кои вклучуваат осуди, навреди и неточни информации.
Во својот обраќање, тие истакнуваат дека во овие тешки моменти на загуба, покрај длабоката болка, се соочуваат и со погрешни толкувања и болни коментари во јавноста. Објаснуваат дека претходната иницијатива за собирање донации, која предизвика многу реакции, била создадена со искрена и добра намерa од блиски членови на семејството, во период кога не било јасно ниту за трошоците за погребот, ниту за дополнителните непредвидени правни обврски.
Тие нагласуваат дека намерите биле исклучиво да се помогне, по иницијатива на блиски луѓе, без никаков интерес за создавање на простор за осуда или шпекулации.
„Болката за загубата на дете не познава граници, држави ниту финансиски услови. Таа е длабока и неиздржлива“, велат тие во своето обраќање.
Александра и Саманта изразуваат благодарност до сите кои покажале сочувство и човечност, потенцирајќи дека во овој момент семејството најмногу има потреба од мир, тишина и достоинство, за Стивен да биде испратен во спокој.
Тие повикуваат јавноста да не шири лаги, предпоставки и дезинформации во негово име, и апелираат за почит кон болката на семејството.



