Сега и докажано: Најстарото дете е најпаметно

SiblingRivalry_TMC-580x386[1]

Се чини дека најновата студија спроведена на универзитетот во Лајпциг успешно докажа дека најстарото дете е најчесто и најпаметното т.е. има повисок коефициент на интелигенција  од второто, третото или четвртото дете во семејството.

Имено, помладите деца уште од рано детство стекнуваат впечаток дека сé им е допуштено, додека најстарото дете е она кое секогаш мора да размислува.

Сепак, како што се вели во резултатите од истражувањето, разликата во интелигенцијата е многу мала и се движи од 1.5 до 2 IQ поена од дете до дете.

Во студијата се наведува и дека помладите деца обично растат и созреваат со фактот дека се помалку интелигентни, помалку паметни и помалку способни, додека најстарото дете поминува доста време учејќи ги своите помлади браќа или сестри, што дополнително му го подобрува IQ-то.

Прочитајте и:  Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години

Студијата е резултат на три национални истражувања во Велика Британија, а учествувале околу 20.000 луѓе, наведува Daily Mail.

- Реклама -