Седум намирници за поголема плодност

Постојат голем број на правила за тоа што треба и што не треба да се јаде за време на бременоста. Но што да јадете во периодот кога се обидувате да зачнете?

Можат ли одредени производи да ја зголемат плодноста? Одговорот е да! Ви претставуваме 7 производи, кои храбро можете да ги додадете во менито, ако сакате вашето семејство да се зголеми за уште еден член. Уште подобро ќе биде при тоа и да исклучите од своето секојдневие барем 7 штетни производи.

Грав

1

Да, волшебните зрна грав можат да ве направат повеќе плодни. Научниците од Harvard School of Public Health набљудувале некое време 19 илјади жени и утврдиле дека неплодноста е за 39% повообичаена кај жени кои активно консумираат животински протеини. Оние кои јаделе главно растителни протеини, имале помалку проблеми со забременувањето. Па додадете од оваа магична состојка во салатите. Ако не сакате грав, можете да го замените со соја или ореви.

Сладолед

2

Токму така, читате напис со совети за здрав начин на живот и еден од нив е да јадете сладолед. Супер. При тоа сепак сладоледот треба да биде вистински, од природно млеко. Научниците од Nurses ‘Health Study откриле дека една чаша млеко на ден или иста по обем порција со полномасно млеко ја зголемува шансата од развивање на плодност. Но, внимавајте – обезмастеното млеко напротив, го отежнува забременувањето, или барем така тврди Џорџ Чаваро, професор во Harvard School of Public Health и автор на книгата The Fertility Diet. Чаваро претпоставува дека обезмастеното млеко влијае на хормоналната рамнотежа.

Зелен зеленчук

3

Спанаќ, коприва, брокула и други зелени зеленчуци се богати со фолна киселина – витамин Б, кој може да ја стимулира овулацијата. Впрочем споделете ја салатата и со својот сопруг – тој исто така ќе има потреба од неа, за да ве оплоди. Поткаснувајќи зелен зеленчук, мажот го намалува ризикот од појава на генетски абнормалности кај идното дете – велат научниците од University of California Berkeley’s Public School of Health.

Прочитајте и:  Ѓоковиќ година и пол бил на ригорозна диета: Не јадел 16 часа дневно, а денот го започнувал со овој пијалок

Семки од тиква

4

Тие се богати со железо.  Во една неодамнешна студија се споменува дека жените, чие што мени е составено од производи заситени со железо, имале 40% помалку тешкотии при обидот да забременат. Значи испечете семки и очекувајте штркот наскоро да дојде и кај вас.

Пченкарен леб

5

Данските научници набљудувале 165 парови, кои се обидувале да зачнат дете. Утврдиле дека жените со зголемено ниво на шеќер во крвта имаат за 50% пониски шанси да забременат за 6 месеци. Ако сакате да зачнете, јадете пченкарен леб наместо бел и преминете на кафеав ориз.

Маслиново масло

6

Маслиновото масло содржи мононезаситени масти кои ја зголемуваат чувствителноста кон инсулинот и ги ограничуваат воспалителните процеси (а тоа е важно за време на овулацијата и во раните стадиуми на развојот на ембрионот). Можете лесно да го вклучите маслиново масло во менито – само почнете да го додавате во салатите или да го користите за пржење.

Лосос

7

Оваа риба населена во студени води, е богата со омега-3 киселини, кои помагаат за регулирање на хормоналниот баланс и го зголемуваат протокот на крв во репродуктивните органи. Впрочем лососот содржи помалку жива од секоја друга мрсна риба.

- Реклама -