„СДСМ повикува институциите да истражат скандалот со бугарската компанија на Јанушев“

СДСМ преку соопштение повикува на итна реакција од надлежните институции во врска со обелоденетите информации за наводна поврзаност на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, со компанија која е регистрирана во Бугарија. Од опозициската партија изнесуваат дека, согласно документите што се објавени во бугарските медиуми, Јанушев е поврзан со фирмата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО, со седиште во Ќустендил, која се занимава со патен линиски превоз на стока. СДСМ истакнува дека во сопственичката и управувачката структура на оваа компанија се јавуваат различни неправилности.