СДСМ: Јанушев да одговара за перење пари, како го стекнал поклонот од 352 илјади евра

СДСМ ги повика Управата за финасиска полиција, Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство да го истражат случајот

Генералниот секретар во Владата, Игор Јанушев преку таканаречен подарок во земјиште испрал црни пари, обвини СДСМ. Од партијата ги повикуваат ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски наместо да испраќаат соопштенија, да одговорат за случајот со земјиштето во вредност од 325 илјади евра кое Јанушев го пријавил во анкетниот лист како подарок.

„Дали Јанушев, со наводниот подарок си ги испрал сите криминално стекнати пари? Каква е неговата улога во тоа? Само преку наводен подарок Јанушев може да прикрие потекло на парите или да го сокрие изворот на средствата. Единствено така Јанушев може да легализира црни пари. Дали се тоа црни пари од набавката на кинеските автобуси од кои ќар имаше само режимот на ДПМНЕ, а граѓаните добија несигурен градски превоз опасен по нивниот живот? Кој и зошто му поклонил на Јанушев 352.000 евра?“

велат од СДСМ.

Од СДСМ ги повикаа Управата за финасиска полиција, Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство да го истражат случајот.

„Државата со ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ќе го допре дното. Христијан Мицкоски и неговата гарнитура се на почеток од владеењето, а веќе покажуваат дека не се одлепиле од криминланото минато.Бандитите на чело со Мицкоски од ден во ден покажуваат дека дојдоа на власт за да се богатат и да си ги заштитат криминалите и малверзациите. На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им е во фокус ниту подобро образование, ниту капитални инвестиции, ниту повисоки плати и пензии, нив им е во фокус криминал,“

додаваат од СДСМ.

- Реклама -