СДСМ најави дека Кривичниот суд официјално потврдил условен отпуст за поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева. Нејзиниот отпуст започнува на 21 декември 2025 година и ќе трае до 21 август 2026 година. Од вкупно седум години затворска казна, сега ѝ е дозволен условен отпуст од осум месеци.
„Овие факти и периодот што следува, токму сега и до летото следната година, недвосмислено го потврдуваат сценариото од стратегијата на ДПМНЕ, кое целосно го разобличивме. Зошто токму сега? Поради фактот што темата за мигрантите и парите стана централна на разговорите, а корупциските скандали со тендерите откриваат како се губат 14,5 милиони евра преку 161 тендер. Граѓаните секојдневно го чувствуваат недостатокот на средства во буџетот за плати и пензии. Јанева сега се користи како инструмент од ДПМНЕ во нивната негативна кампања и напади врз СДСМ. Не ќе ви помине Катица. Не ќе ви поминат мигрантите за пари. Ниту едно сценарио за манипулација и отвлекување на вниманието нема да помине. Народот веќе подготвува крај“, изјавија од СДСМ.




