Како и многу пати досега, СДС повторно избра да молчи за скандалите во кои се инволвира неговиот претседател, Венко Филипче. Овој пат, скандалот го вклучува и поранешниот лидер на СДС, Зоран Заев, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението, партијата истакнува дека, после златните визи, инвестиции во високи згради и приватни прослави во луксузни хотели во Дубаи, каде што му пее Харис Џиновиќ, сега Филипче и Заев заедно се на луксузна јахта во Егејското море.
– Неколку дена поставуваме прашања до СДС и Филипче во врска со овој скандал, барајќи да потврдат дали јахтата која чини 850 илјади евра е на Заев и со кои средства е купена. Дали можеби со средства од државни тендери?
Но, тие молчат. Овој молк може да се интерпретира како потврда на поставените прашања, а СДС и Филипче им должат одговори на македонската јавност, особено откако за време на нивниот мандат народот се соочи со сиромаштија, а државата е на работ на банкрот.
СДС и Филипче се должни да објаснат, особено бидејќи со Заев одржуваат блиски бизнис врски, како што се фирми на иста адреса во Бугарија, а нивните браќа поседуваат заедничка компанија за производство на електрична енергија.
Дополнителен повод за одговори е и тоа што компанијата на Заев во Бугарија, каде што сосед му е Филипче, има врски со тендери во Македонија и можно е луксузната јахта да е купена со средства од овие тендери.
Врските и бизнис трансакциите меѓу Филипче и Заев се бројни, поради што на македонската јавност ѝ должат објаснувања.
Доколку продолжат да молчат, СДС и Филипче само ќе го потврдат своето вклучување во скандали и луксузни задоволства со средства стекнати на сомнителен начин, можеби и од државни тендери, се вели во соопштението.




