СДС продолжува со навреди кон сите оние кои го напуштаат, наместо да ја разберат суштината на проблемите што самите ги создаваат. Оваа партија повторно демонстрира недостаток на способност да се справи со поразите и вистината. Наместо да се запрашаа зошто е сè поголем бројот на поранешни членови, тие избираат да се осврнат кон омаловажувања и понивања. Но, вистинскиот проблем не е во оние кои си заминуваат; проблемот е во самата СДС, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Секој кој не ги поддржува сметаат дека тоа го прави во име на „личен бенефит“, што е навредливо и потценувачки кон народот. Оваа изјава навредува секого, освен нивната мала група од само 6 проценти.
Кога СДС зборува за „личен бенефит“, тоа не е само лицемерство, туку и навреда на здравиот разум. Оваа партија е токму таа која создала најголеми механизми за личен интерес и политичка корист:
– партијата на Зоран Заев, кој ја преработи Владата во приватна фирма,
– Венко Филипче, чија работа стана симбол на здравствени тендери опкружени со контроверзи,
– Ковачевски, Зечевиќ, Маричиќ и Љупчо Николовски, архитекти на сервилната соработка со ДУИ,
– и Спасовски, кој ја направи полицијата алатка за политички криминал.
Тие беа извршители во секоја злоупотреба и уцена. Искажаа безличност на државата, го урнаа правниот поредок и ја деградираа демократијата.
Сега, тие навредуваат секого кој не сака да биде дел од нивниот хаос.
Не постои поголемиот комплимент за некој од тоа што СДС го напаѓа. Ако СДС ве мрази, тоа значи дека имате вредност, се нагласува во соопштението.




