Компанијата Самсунг електроникс го промовираше својот прв 130-инчен телевизор со Micro RGB технологија (модел R95H) на настанот “CES 2026“, означувајќи го почетокот на најголемиот Micro RGB екран и иновативен дизајн за ултра-премиум екрани.
„Micro RGB е кулминација на нашата иновација во квалитетот на сликата, а новиот 130-инчен модел ја поместува таа граница уште понатаму“, изјави Хун Ли, извршен потпретседател на одделот за Визуелни екрани во Самсунг електроникс. „Поттикнуваме духот на нашата оригинална дизајнерска филозофија, воведена пред повеќе од една деценија, за да создадеме несомнено премиум екран, дизајниран со технологија од новата генерација.“
Извонреден дизајн што променува концептот на телевизорот
Импресивната големина на Micro RGB телевизорот, заедно со напредната технологија на бои и префинет дизајнерски пристап, ги потврдува долгогодишните успеси на Самсунг во инженерството и естетиката. Со монументалната рамка и подобрени аудио перформанси, 130-инчниот екран е создаден така да изгледа помалку како традиционален телевизор, а повеќе како огромен прозорец кој визуелно ја проширува просторијата.
Телевизорот нуди современ дизајн инспиритан од галерси, со новата рамка Timeless Frame, која е еволуција на моделот Timeless Gallery од Самсунг од 2013 година. Со рафинирана рамка, овој ултра голем екран изгледа како да лебди, трансформирајќи го телевизорот во уметнички центр кој ја облагородува просторијата. Звукот е интегриран во рамката на екранот и е совршено балансиран со големината на екранот, создавајќи единство помеѓу сликата и звукот во просторот.
Премиум искуство за гледање во согласност со неговата големина
Моделот Micro RGB од 130 инчи е опремен со најсовремените иновации на Самсунг на полето на Micro RGB технологијата. Со помош на Micro RGB AI Engine Pro, Micro RGB Color Booster Pro и Micro RGB HDR Pro, користи вештачка интелигенција за оптимизирање на тоновите и подобрување на контрастот, испорачувајќи жива и реална слика низ различните сцени.
Екранот нуди перфектна репродукција на боите со Micro RGB Precision Color 100, постигнувајќи 100% од широкиот спектар на BT.2020 бои. Сертифициран од Вербанд дер Електротехник за прецизна репродукција на Micro RGB бои, екранот произведува точно контролирани нијанси кои изгледаат реалистично. Моделот од 130 инчи ја вклучува и технологијата Glare Free на Самсунг, која ги минимизира рефлексиите и ја зачувува јасноста и контрастот во различни услови на осветлување за максимално искуство при гледање.
Продуктот поддржува HDR10+ ADVANCED и Eclipsa Audio, овозможувајќи подобрен квалитет на слика и звук. Вклучува и Vision AI Companion на Самсунг, кој нуди разговорно пребарување, проактивни препораки и пристап до функционалности и апликации како што се AI Football Mode Pro, AI Sound Controller Pro, Live Translate, Generative Wallpaper и Microsoft Copilot.
Овие иновации ќе бидат прикажани во изложбената зона на Самсунг за време на CES 2026 во Лас Вегас, Невада.
Комерцијален текст




