На прес-конференција пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Монако, тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се осврна на свирежите на дел од публиката на „Сантијаго Бернабеу“. Тој го бранеше бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор.
„Сакам и очекувам поддршка од публика на „Бернабеу“ за сите играчи, а особено за Винисиус“, истакна Арбелоа. Тој додаде дека навивачите играат клучна улога во играта на Винисиус, нагласувајќи дека „му е потребна поддршката од Бернабеу“ за да покаже својата најдобра форма.
Тренерот го опиша Винисиус како играч со „огромно срце“ и нагласи дека неговата емоционалност позитивно влијае на неговиот фудбалски стил. Арбелоа одби да го исклучи од тимот во обид да го заштити.
„Тој секогаш ќе биде на теренот кога е достапен. Како тренер на Реал, ако посакувам победа, Винисиус ми е неопходен на теренот“, заклучи тој.
Во текот на изјавата, Арбелоа изнесе тврдења за намерни напади врз клубот. „Знам дека се планираат акции за слабеење на Реал Мадрид и знам кој стои зад тоа“, рече тој, но не сакаше да даде повеќе детали.
Кога новинар го праша за дополнителни објаснувања, тој едноставно одговори: „Вие сте новинари, а јас сум тренер на Реал Мадрид. Сега сум целосно посветен на натпреварот против Монако и во него вложувам цела своја енергија и ентузијазам“.




