Кога зборовите не се доволни, делата го пренесуваат вистинското значење. Годинешниот Саем на мебел, планиран да се одржи од 26 до 30 март во комплексот Борис Трајковски во Скопје, не е само изложба на дизајн, инспирација и иновација – тој претставува и акт на солидарност. Во среде подготовките за настанот, кој секогаш носи нови идеи за домашно уредување, не можеме да бидеме незаинтересирани пред болката што ја претрпе Македонија. Со искрено сочувство кон семејствата кои ги погоди трагедијата во Кочани, дел од парите од купените влезници ќе бидат донирани преку Фондот за солидарност на Црвениот крст, за оние кои беа настрадани и повредени. За посетителите кои сакаат да помогнат, на Саемот ќе има собирни кутии за донации со поддршка од Црвениот крст, овозможувајќи им да земат учество во оваа хуманитарна акција. Саемот на мебел 2025 ќе се реализира од 26 до 30 март 2025 година во комплексот Борис Трајковски, при што ќе учествуваат повеќе од 50 различни брендови. Настанот ќе биде отворен секој ден од 10.00 до 20.00 часот.