Американското Министерство за надворешни работи издаде предупредување до граѓаните на САД присутни ширум светот, да ги зајакнат безбедносните мерки по неодамнешниот напад во Вашингтон на стратегиските ирански нуклеарни објекти, објави ДПА.
На официјалниот сајт на Министерството се истакнува дека заканата е зголемена и за граѓаните на територијата на САД, но и во странство.
Според препораките, конфликтот помеѓу Израел и Иран предизвика промени во воздушниот сообраќај и повремено затворање на воздушниот простор во регионот на Блискиот Исток.
„Постои можност за протести насочени против американските граѓани и интереси во странство. Министерството им советува на американските државјани да бидат по внимателни во своето однесување“, се наведува во предупредувањето.
Министерството за внатрешна безбедност, пак, активираше аларм во врска со „зголемената закана во Соединетите Држави“.
Конфликтот со Иран дополнително го зголемува ризикот од кибернапади поврзани со Иран, како и акти на насилство од страна на екстремистички групи, тврди одделот.