Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави дека универзитетите и колеџите кои применуваат политики за балансирана застапеност може да останат без федерални средства.
Во напорите за укинување на мерките поврзани со разновидноста, еднаквоста и инклузивноста (ДЕИ) во државните институции и приватниот сектор, новата администрација на Трамп презема конкретни чекори да ги промени досегашните политики.
Бранителите на човековите права тврдат дека програмите на ДЕИ обезбедуваат поддршка за маргинализираните заедници и овозможуваат намалување на историските нееднаквости предизвикани од системски расизам. Сепак, Трамп и неговите поддржувачи сметаат дека ваквите политики создаваат нова форма на дискриминација, оваа пат насочена кон белците и мажите.
Според писмо испратено од Министерството за образование до универзитетите, во следните две недели ќе се спроведе детална анализа за тоа дали институциите ги почитуваат федералните закони за граѓански права. Оние кои нема да бидат усогласени со овие законски прописи може да се соочат со укинување на федералното финансирање.
Во претходната администрација на Џо Бајден, ДЕИ програмите беа силно поддржани со цел да се овозможи поправична застапеност на историски дискриминираните групи, како што се Афроамериканците, ЛГБТК+ заедницата, жените, лицата со попреченост и различни етнички малцинства во САД.




