Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред конференцијата во Лондон, изјави дека ќе побара значително зголемување на воздухопловната и антиракетна одбрана на Алијансата за 400 проценти, како одговор на Русија која, според него, „сее терор“ во авионите.
„Мора да направиме значаен напредок во нашата колективна одбрана. Фактот е дека заканата не исчезнува, дури ни по завршувањето на војната во Украина. Свидoci сме на теророт кој Русија го предизвикува во Украина, и токму затоа ќе го зајакнеме нашиот воздушен штит“, изјави Руте на состанокот во Институтот Чатам Хаус во Лондон.
Планирана е и средба на Руте со британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит.