Руски хакери извршија напад на серверите на НАТО

Хакерската група „Laundry Bear“, за која холандските власти тврдат дека е поврзана со руското разузнавање, се обидува да ги пробие серверите на НАТО и холандската полиција.

Оваа порано непозната руска хакерска група стои зад минатогодишните напади врз мрежите на холандската полиција, НАТО и неколку европски држави, известуваат холандските разузнавачки служби.

Руските кибер-активисти целат на пристап до класифицирани податоци поврзани со воената опрема и технологии, вклучувајќи информации за испораките на оружје во Украина.

Холандската општа разузнавачка служба и Воената агенција во заедничко писмо до парламентот изјавија дека групата позната како „Laundry Bear“ веројатно добива поддршка од рускиот државен апарат.

„Нашата истрага покажува дека групата е одговорна за кибер-операции против западни влади и институции најмалку од 2024 година, а се обидувала да собере податоци за воените испораки во Украина,“ велат од агенцијата.

Исто така, холандските разузнавачки служби објавија дека спроведуваат кибер-шпионажа против компании кои развиваат современи технологии, до кои Русија не може да дојде поради западните санкции поврзани со конфликтот во Украина.

Активностите на оваа група се откриени во септември 2024 година, а агенциите потврдуваат дека намерно ја обелодениле својата цел.

Дополнително, британската влада соопшти дека хакери поврзани со Русија, маскирани како новинари, се обиделе да извршат кибер-шпионски напад врз вработените во британското Министерство за одбрана.

Нападот бил идентификуван и спречен благодарение на безбедносните тимови и е откриен за време на посетата на министерот за одбрана Џон Хили на воениот сајбер центар во Вилтшир.

Овие инциденти се дел од зголемените кибер закани кои доаѓаат од различни извори.

Министерството за одбрана известува дека во последните две години забележале над 90.000 такви обиди, што е двојно повеќе во споредба со претходниот двогодишен период.