Еден од списоките, со наслов „Подружници на украински компании во Европа“, содржи 11 компании распоредени во градови како Лондон, Минхен, Рига, Вилнус и Прага. Другиот список, насловен „Странски компании кои произведуваат компоненти“, брои 10 компании, од кои дел се наоѓаат во Мадрид, Венеција и Хаифа.
Особено интересно е што еден читател на порталот Медуза забележал дека на првиот список се наоѓа адресата Лерхенауер штрасе 28 во Минхен, за која тврди дека припаѓа на станбена зграда.
Руското министерство соопшти дека ги објавило списоките за европските граѓани „да ги разберат вистинските причини за заканите по нивната безбедност“, како и за да бидат информрани за адресите на „украинските“ и „заедничките“ компании кои произведуваат дронови за Украина на нивна територија.
Дмитриј Медведев, заменикот на шефот на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше објавата на социјалната мрежа Икс, нарекувајќи ја „список на потенцијални цели за рускиот воен контингент“. „Дали овие напади ќе станат реалност зависи од она што следи. Спијте мирно, европски партнери!“, додаде тој.
Сопственото соопштение на руското Министерство за одбрана треба да се сфати буквално: списокот на европски објекти кои произведуваат дронови и друга опрема е список на потенцијални цели за руските вооружени сили. Кога нападите ќе станат реалност зависи од она што следи. Спијте мирно, европски партнери!
— Дмитриј Медведев (@MedvedevRussiaE) 15 април 2026
Овој потег на Москва следи еден ден по средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин. Според информациите од кабинетот на Зеленски, пред состанокот, двојцата лидери имале прилика да видат седум различни модели на беспилотни летала произведени од заеднички украинско-германски компании.
Истиот ден, Германија и Украина постигнаа договор за пакет за одбрана вреден четири милијарди евра. Во рамките на овој договор, Германија ќе го финансира набавката на неколку стотици ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“.




