Русија го прекинува нуклеарниот договор со Шведска

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша наредба за раскинување на договорот со Шведска, кој се однесува на размена на информации за нуклеарни објекти и навремено известување во случај на нуклеарна несреќа.

Овој документ е објавен на официјалниот правен информативен портал, известува РИА Новости.

„Во согласност со став 1 од член 37 од Федералниот закон ‘За меѓународни договори на Руската Федерација’, Договорот помеѓу Владата на Сојузот на Советските Социјалистички Републики и Владата на Шведска, потпишан во Стокхолм на 13 јануари 1988 година, се раскинува“, стои во документот. Од руското Министерство за надворешни работи е побарано да ја извести шведската страна за оваа одлука, пренесува Танјуг.