Со оглед дека Русија го трпи најголемото протерување на руски дипломати во историјата, а без некакви цврсти докази, реши со истата логика да ѝ врати на Велика Британија.
Откако земјите не покажаа слух за негирањата на Русија, како и за нејзините барања да бидат приложени докази за нејзината инволвираност, сега Русија настапува во обратен правец. Имено, ја обвини Британија дека таа ги отрула Скрипал и ќерка му, и бара да ѝ бидат доставени докази дека Британија не го направила тоа. Ако Британија не ѝ достави такви докази на Русија, руската страна ќе го смета инцидентот за посегање по животите на нејзини државјани.
„Анализата на сите околности… нé наведува да мислиме дека е можна инволвираност на британските тајни служби“, пишува руското МНР во соопштението објавено денес. „Ако убедливи докази за спротивното не бидат презентирани до руската страна, ќе сметаме дека сме соочени со посегање по животите на нашите сограѓани како резултат на масивна политичка провокација“.
Замешана била Русија или не, мора да се признае дека ова е нивна доста итра тактика.