Во обширен разговор, професорот Росоклија открива дека за реализација на научните проекти учествувале над 30 доктори, од кои само двајца останале во САД, а останатите се вратиле во Македонија. Најголем дел од специјализантите потекнувале од судската медицина, но имало и луѓе од различни факултети и области.
За реализација на овие проекти, формирани се етички комитети на Медицинскиот факултет во Скопје и на Македонската академија на науките и уметностите. Идејата да се создаде колекција на ткива (не банка на органи) за потребите на судската медицина, како предуслов за испраќање на специјализанти во САД, веднаш била прифатена од професорот Дума, директор на Институтот за судска медицина. Оваа иницијатива беше усогласена со професорот Росоклија, кој презеде важна улога во реализацијата на проектот. Беше потребно да се воспостави конкретна процедура и да се добие согласност од роднините на починатите пациенти за употреба на мозочните ткива исклучиво за научни цели. Росоклија истакнува дека немало никакво извоз на мозоци во САД; секој специјализант пренесувал потребен материјал како дел од своето личното багаж, под соодветни услови, по што започнувало истражувањето. „Гласот на етичкиот комитет, кој вклучуваше психолози и психијатри, кој им објаснуваше детално на роднините, беше клучен за добивање на согласноста. Без завршување на целата процедура, истражувањата на Колумбија немаше да бидат возможни“, вели Росоклија.
Проектите, кои се реализираа во текот на повеќе од 10 години, добивале грантови за невропатологија и психијатрија, а целиот процес заврши во 2015 година.
Според документи објавени од американското Министерство за правда, кои се однесуваат на починатиот милијардер Џефри Епстин, во еден имејл до Ике Гроф, основач на инвестициската компанија, пренесува новинарско истражување за потенцијално спонзорство на научни истражувања. Текстот, именуван „Лекот стар 50 години кој би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“, наведува дека во рамките на долгогодишно научно истражување, научниците во соработка со универзитетот Колумбија создадоа банка од човечки мозоци за истражувачки цели. Во колекцијата имало околу 1.000 мозоци, од кои некои потекнувале од лица што извршиле самоубиство, а имало и контролни примероци.
Горазд Росоклија е научник во областа на невропатологијата и невроимунологијата, а од 1992 година е професор на Медицинскиот факултет при универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.
„Мозок не може да се продава и не може да се трансплантира“, истакнува поранешниот директор на Институтот за судска медицина Алексеј Дума, објаснувајќи дека проектот строго следи утврдени правила за обработка на мозокот и неговото транспорт на температура од минус 80 степени до лабораторијата.
A.Д.



