Роналдо не постигна хет-трик во една година, по прв пат од 2009-та година

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, за прв пат по 16 години не успеа да оствари хет-трик во една календарска година. Последен пат кога му се случи ова беше уште во 2009 година, кога играше за Реал Мадрид. Во текот на 2025 година, Роналдо успеа да постигне 41 гол.

На 28 декември, тој беше прогласен за најдобар фудбалер на Блискиот Исток за сезоната 2024/25 на престижната церемонија за доделување на наградите „Глоуб Сокер“.

Четириесетгодишниот Роналдо досега има одиграно вкупно 1.303 натпревари и постигнато 957 гола, од кои 143 беа за репрезентацијата на Португалија. Пред Ал-Наср, Роналдо играше за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Прочитајте и:  МПЦ-ОА купи пет хектари земјиште во близина на црквата во Пјаченца, Италија.