Романија одлучи да го затвори рускиот генерален конзулат во Констанца и да го протера рускиот конзул, по инцидентот со руски дрон кој удри во станбена зграда во Галац, предизвикувајќи повреди на две лица. Оваа одлука беше донесена на итна седница на Советот за национална безбедност, свикана веднаш по настапот на инцидентот, во кој дрон од типот „Геран-2“ удри во десеткатница, создавајќи експлозија и пожар во стан на деветтиот кат. Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Русија целосно ја сноси одговорноста за овој настан и дека рускиот генерален конзул во Констанца е прогласен за непожелна личност.
Во нападот, две лица беа пренесени во болница, додека околу 70 станари од зградата беа евакуирани. Претседателот Дан исто така соopшти дека разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој изрази целосна поддршка за Романија и потврди дека Алијансата е спремна да ја брани секојку територија на своите членки. Министерството за надворешни работи на Романија го оцени инцидентот како сериозна ескалација од страна на Москва, а министерката за надворешни работи Оана Цоиу истакна дека случајот ги исполнува условите за активирање на членот 4 од НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците при закана на безбедноста на некоја членка. Според романското Министерство за одбрана, од почетокот на руската инвазија на Украина, остатоци од беспилотни летала на романска територија биле пронајдени вкупно 47 пати.




