Рома, по првиот дел од сезоната, стана легитимен кандидат за титулата во Серија А, но нивната главна цел останува да обезбедат место во Лигата на шампионите.
Во Рим сфатија дека им е потребно ново свежо лице во нападот, па започнаа со потрага по нови играчи. Главни цели им беа Џакомо Распадори и Џошуа Зиркзе, но тие обиди завршија неуспешно. Распадори ќе премине во Аталанта, додека за Зиркзе нема индиции дека Манчестер Јунајтед ќе ги прифати понудите.
Во меѓувреме, Рома успеа да доведе ново засилување во нападот. Станува збор за талентираниот 19-годишен Рибинио Ваз, кој сезонава заблеска во Олимпик Марсеј. Ромашаните се согласија да платат 25 милиони евра за него.
Сега останува да се договори и за личните услови, пред Ваз официјално да стане член на италијанскиот клуб.
Исто така, раководството на Рома преговара со Дониел Мален од Астон Вила. Овој холандски напаѓач би требало да пристигне на позајмица, со опција за откуп.
Фото/ depositphotos




