Од неговите почетоци како стендап комичар и 1970-тите ТВ ѕвезда до 30 годишна холивудска кариера која донесе низа хитови и награда од Академијата за најдобра споредна улога.
Веста за смртта на овој темпераментен изведувач дојде како шок- но неговата брилијантност секогаш беше обоена со тага.
Робин Вилијамс бепе извонреден, темпераментен стендап комичар со фасцинантен талент за импровизирани и вербални изведби, иако неговата филмска кариера конечно се разви во интригантна поделба- слатка сентименталност или двосмислена, застрашувачка темнина. Нешто слично се случи и со Стив Мартин и Џери Луис.
Па, веста за неговата смрт, и индикацијата дека тој си го одзел животот, е мнгоу шокантна. Тој јасно страдал од деперсија- имало симптоми кој се криеле во обичната глетка- и неговата брилијантност претставува длабоко тажен аспект.
Робин Вилијамс беше генијален комичар, зачудувачки талент и човек со големо срце. Ова е неговиот живот во слики:

Робин Вилијамс со Пам Довбер во ситком серијата од 1970-тите „Mork & Mindy“



Робин Вилијамс во 1987 година во филмот „ Good Morning Vietnam“

Во улога на инспиративен наставник по Англиски јазик, Џон Китинг во 1989 година во филмот „Dead Poets Society“

Како бездомник на мисија да го најде светиот грал во филмот од 1991 „The Fisher King“ со Џеф Бриџитс

Со неговата ќерка Зелда во неговиот дом во Сан Франциско во 1991 година

Во една од неговите најпознати улоги во филмот „Mrs Doubtfire“ во 1993 година

За поромоција на „The Birdcage“ во Сиднеј 1996 година

Со Мет Дејмонд во „Good Will Hunting“ во 1997 година. Вилијамс доби оскар за оваа улога.

Со останатите добитници на Оскар Ким Бесинџер, Хелен Хант и Џек Николсон во 1998 година

Со Сем Нил во 1999 година, многу исмејуваниот „Bicentennial Man“

Во психолошкиот трилер „One Hour Photo“ од 2002 година

Вилијамс ги забавува американските војници на аеродром во Багдад во 2003 година

Робин Вилијамс со режисерот Бобкат Голдвејт во 2009 на сет на црната комедија „World’s Greatest Dad“

Со неговата тогашна вереница Сузан Шнајдер во Њујорк 2011 година

Во Сиднеј за промоција на „Happy Feet 2“

Вилијамс на сцена во 2012 година