РК Вардар официјално потврди учество на ракометните турнири во Струга и Охрид.

Тренерот Иван Чупиќ ќе ја направи првата прозивка за седум дена, на 27 јули, кога е закажан првиот тренинг, заедно со средбата со медиумите.

Физичката подготвеност ќе се реализира во Маврово, а потоа следува првиот тест за проверка на работата, со потврдено учество на меѓународните турнири во Струга и Охрид.

На турнирот во Струга ќе се одиграат првите натпревари, преку кои Чупиќ ќе ја гради својата тактика во пресрет на стартот на регионалната лига.

Наследен е дуелот со српската Војводина во регионалната конкуренција, кој е закажан да се одржи во салата „Билјанини извор“ во Охрид на 17 август. Денот потоа започнува и охридскиот меѓународен турнир. Августовската агенда за Вардар ќе биде заокружена со натпреварот против Динамо Панчево.

На почетокот на септември, Вардар ќе го одигра и натпреварот за Супер куп, а веќе на 9 или 10 септември, првиот меч во Лигата на шампионите.