Популарната пејачка Ријана повторно застана во одбрана на своето старо-ново момче Крис Браун со зборовите: „Тој не монструм како што мислат сите“.
25-годишната пејачка, која има бурно минато со Крис Браун, тврди дека овој пат е поинаку:
„Постојат повеќе причини поради кои тој е повторно во мојот живот. Тој не е монструм како што сите мислат. Тој е добра личност и има големо срце. Ми дава многу љубов. Особено го сакам затоа што е забавен и секогаш знае да ме насмее“, рекла Ријана.
Таа, исто така, открила дека би сакала да има деца со Крис.
„Секако дека би сакала, но кога би можела од некаде да ги нарачам…“, се пошегувала Ријана.