На 11 март, во среда, со почеток во 19 часот, ќе се отвори ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
На изложбата ќе бидат претставени 30 дела, со кои уметницата ќе го прослави своето 35-годишно творештво.
– Сакам да го споделам моето творештво со прилепската публика. Сликите се создадени во различни времеви периоди, а техниката е акрил на платно и картон. Мотивите се исклучително разновидни. Навистина сум среќна што го одбележувам овој важен јубилеј во мојот роден град – вели Ита.
Ита ТС Арт живее и творди во Соединетите Американски Држави. До сега имала изложби во Македонија, но и во странство, вклучувајќи ја Европа.




