„Меѓу реалноста и сонот“ е насловот на ретроспективната изложба посветена на академскиот сликар Кирил Ефремов, која ќе се отвори на 25 декември 2025 година, во 19 часот, во Даутпашиниот амам.
Творештвото на Кирил Ефремов во областа на надреално-фантастичното сликарство има од особено значење во целокупниот контекст на македонската уметност. Со оваа изложба, посетителите ќе можат да го разгледаат делото на уметникот во целост, како и неговиот развој, што ќе ја истакне неговата улога во напредокот на современата македонска ликовна уметност.
Автор на текстот за монографското издание е професор доктор Владимир Величковски, а куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.
Кирил Ефремов (1938-2020, Штип) своето присуство на македонската уметничка сцена го утврди на почетокот на 60-те години од 20. век. Завршил сликарство на Училиштето за применета уметност под водство на професори како што е Лазар Личеноски, а потоа и Академија на ликовни уметности во Белград.
– Во раната фаза на своето творење, Ефремов се определил за предметно сликарство во време кога доминираше енформелот и апстракцијата. Неговата тенденција кон надреално-фантастичните елементи беше инспирирана од белградските уметници, посебно од членовите на групата „Медиала“, која се фокусираше на концептот на „интегрална слика“ во однос на современата уметност и традицијата. Овие идеи ги одразуваа сложеностите на модерната уметност, со нагласок на синтетичката уметност и универзалните аспекти кои уметноста треба да ги вклучи, вклучувајќи филозофски и етички состојки. Ефремов со своето сликарство ја прикажуваше иреалноста и романтичниот дух на времето, што доведе до интензивно барање нови „релации“ помеѓу класичната и модерната уметност, помеѓу реалноста и фантазијата. И покрај глобалните теми, Ефремов останува длабоко поврзан со македонскиот контекст и традиција, создавајќи уникатен простор на „личната митологија“. Тој се стреми да ја прошири тематиката на метафоричното и алегориското сликарство, обработувајќи и теми од националната историја. Во 70-те години, Ефремов се свртува и кон влијанијата на Салвадор Дали и поп-артот, со различни аспекти на фигуративното сликарство, обогатени со новата фигурација и фотореализмот. Неговите опсесивни теми вклучуваат еротика и психолошки елементи, заедно со изразноста и „грчевитата убавина“, што ги види и во ренесансното сликарство и модернизмот. Со ист интерес, Ефремов истражува актуелните теми и проблеми, во однос на секојдневната реалност, поставувајќи ги во неочекувани контексти со универзални значења. Неговиот општествен и професионален ангажман е значаен, со посебна внимание на обемната изложба организирана во Уметничката галерија (денес Национална галерија) во 1984 година.
Кирил Ефремов остварил бројни самостојни и групни изложби, како во Македонија, така и во странство. Имал студиски престои во Франција, Италија и Швајцарија. Носител е на наградите: „Осмоноемвриска награда“ од Собранието на Општина Штип, „Лазар Личеноски“ од ДЛУМ и „Климент Охридски“ од НУБ.




