Рекордна заплена од 206 кг кокаин на границата помеѓу Бугарија и Турција, уапсен дипломат.

Бугарските гранични власти запленија близу 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсиле три лица, вклучувајќи и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија, што го потврдија бугарските истражни органи.

Дрогата, чия проценета вредност изнесува околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, внимателно скриена меѓу лични предмети во пет куфери.

Оваа заплена претставува најголема конфискација на дрога на бугарската копнена граница досега.

Уапсени се 40-годишен дипломат од Конго, 54-годишен белгиски државјанин и 43-годишен Бугарин, кој управувал со возилото. Окружниот обвинител Иван Стојанов истакна дека осомничените ризикуваат затворска казна од до 20 години доколку бидат прогласени за виновни за трговија со дрога.

Започната е меѓународна истрага за потеклото на кокаинот и неговите крајни приматели, со учество на агенции од различни европски земји.