Реиздавање на дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски во издание на „Или-или“ – Вечер …1963

Издателството „Или-или“ неодамна го објави реизданието на дебитантската проза „Писма“ од Игор Исаковски. Оваа книга првично беше објавена во 1991 година од Книжевната младина на Македонија.

Според информациите од издавачката куќа, по собраната поезија во луксузното издание „Совршен поет“, кое беше промовирано минатата есен, „Писма“ претставува одлично продолжение на тој издавачки проект, бидејќи ни го прикажува Исаковски во неговата суштинска форма, во почетокот на неговата писателска кариера, кога го демонстрираше својот несомнен талент.

Уредникот Игор Анѓелков во поговорот на книгата истакнува дека „Писма“ е дело што трпеливо чека читање, повторно читање и превреднување на неговото значење. Добрата литература не старее и секогаш останува актуелна и вредна.

Тој дополнува дека ова реиздание нè потсетува дека книжевната сцена во нашата земја понекогаш изнедрува уникатни авторски гласови, кои на автентичен начин го обликуваат современото општество, а Исаковски тоа го правеше цел живот.

– Оваа драгоцена книга е потсетник на еден град кој живееше во постојана активност, на луѓе кои ги познаваа сите негови светли и темни сокаци, и на еден автор кој тоа го обликуваше во книжевен бисер што ќе живее за вечност, заклучува Анѓелков.