Реал Мадрид ја најави новата спортска опрема за идната сезона со интересни детаљи на ракавите

Реал Мадрид го претстави својот нов домашен дрес за сезоната 2026/27 во соработка со Адидас. И покрај традиционалната бела основа, дресот е обогатен со нов детали – три широки розови ленти на ракавите.

Според Адидас, дресовите се изработени со внимание на сложените детали кои ја рефлектираат богатата историја на клубот.

Овој модерен дизајн вклучува графички елементи инспирирани од крунските скапоцености на грбот на Реал Мадрид, прикажувајќи ја извонредноста, вештината во изработката и победничкиот менталитет на клубот, како што е наведено на нивната официјална страница.

Покрај розовите ленти, белата основа на дресот се комплетира со темнозелени детали на јаката и рабовите на ракавите. Производителот истакнува дека дресовите се „дизајнирани да одговараат на највисоките стандарди на професионалниот фудбал и вклучуваат најнова технологија од Адидас, која обезбедува максимален проток на воздух и ги одржува играчите свежи за време на натпреварите“.

Прочитајте и:  Израел: Ги прекинуваме договорите со Палестинците, контролата се враќа во наши раце