Испрашувањето на Љупчо Папазов, градоначалникот на Општина Кочани, заврши, соопшти Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија вечерва. Во текот на распитот, Папазов изнел одредени објаснувања и информации, кои обвинителството ги споредува со собраните докази и надлежностите на општината. По завршувањето на оваа постапка, ќе биде донесена одлука за неговиот понатамошен статус. Паралелно, се испрашуваат и други лица поврзани со случајот.